Припадници на Одделот за специјална оперативна поддршка на полициската управа во Црна Гора, под команда на Мирко Бановиќ, судејќи според наодите на Европол и транскриптите од разговорите на некои од нив, вршеле тортура врз уапсени лица, објави црногорскиот портал„Либертас“.
„Либертас“ објави фотографии кои ги означи како вознемирувачки. Судејќи по комуникациите што некои од нив ги имале преку шифрирани телефони, тие држеле луѓе во нивните таканаречени „барака станови“, ги тепале, им ставале пиштол во уста, ги мачеле со струја, ги гушеле, им се заканувале и ги омаловажувале, објави овој портал.
Петар Лазовиќ и Југослав Југо Раичевиќ разговарале за тоа со шефовите и членовите на криминалните групи и често им испраќале фотографии од луѓе кои се измачувани. Според досега разгледаните материјали на Европол, до кои Либертас има пристап, Лазовиќ ги информирал криминалците Радој Звицер, Дарко Шариќ, Никола Спасојевиќ, членовите на криминалната организација на Шариќ, српските криминалци Вељко Беливук и Марко Миљковиќ …
Петар Лазовиќ е во притвор од јули минатата година. Тој е син на поранешниот помошник директор на Полициската управа Зоран Лазовиќ и за него беше понудена милионска кауција за да излезе од затвор. Неколку понуди од неговите адвокати беа одбиени од судот.
Либертас за Раичевиќ пишуваше на крајот на ноември минатата година, но до сега од Специјалното обвинителство немаше информација дека полицаецот бил повикан да објасни што направил.
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.