Летиција Калдерон, мексиканската актерка која стекна голема популарност со улогата во серијата „Есмералда“, го има синот Лусијано, кој боледува од Даунов синдром.

Неодамна наполни 19 години, а актерката на Инстаграм сподели фотографии од прославата.

“Љубов моја! Продолжи да бидеш толку среќен и да ни носиш радост“, напиша Летиција на Инстаграм со фотографиите.

Калдерон еднаш раскажа како нејзиниот син имал големо влијание врз неа и дека никогаш не се прашувала „зошто јас“, како што прават повеќето родители кога дознаваат за дијагнозата на нивното дете.

„Тој е фантастичен и горда сум што е мој син“, изјави Летиција.

Инаку, актерката има уште еден син, Карло.

📸

📸

📸