Охриѓанец кој панал во шахта, затоа што не отворил очи каде оди, треба да му искешира околку 200.000 денари штета на јавното претпријатие “Нискоградба” кое ја оставило шахтата отворена.
Испокршен, охриѓанецот Илија Џепароски, кој се препнал на необезбедената шахта делумно натрупана со камења, објаснува како паднал со коленото од едната нога, пропаѓајќи во вдлабнатината од шахтата. Изреволитан бидејќи како што тврди, ова не било прв случај некој да падне во шахтата, Џепароски одлучил да го тужи јавното претријатие, барајќи оштета од 3 милиони денари. Но Охридскиот основен суд,го одби неговото тужбено барање како неосновано.
“Пресудата беше дека сум морал да гледам кај одам.И да биде поголем апсурд во пресудата Охрид што ја изгубив, се жалевме во Битола во пресудата пишува дека шахтата била обезбедена, значи ова е најголемата неправда. Ако беше затворена јас немаше да паднам во шахтата.Значи шахтата беше од метро,во неа имаше фрлено камења,60-тина сантиметри беше отворена” вели Џепароски.
И сега тој не само што нема да види скршен денар, туку испаднал и кабаетлија што паднал,па според последниот налог на судскиот извршител соси камати и друго давачки треба да исплати сума од околу 200.000 денари. Ова се судски апсурди вели, човек може сам да се удави во кофа со вода, а не може да падне во необезбедена шахта.
“Во Европа да се случи граѓанин да падне во отворена шахта или канал , дали тој ќе досуди или судиите во Европа ќе досудат за државата или за граѓанинот? И сега ја сум во таква ситуација што сега јас треба да плаќам оштета на претпријатието “Нискоградба” ! Значи шахтата беше отворена, во неа претходниот месец падна една стара жена, шахтата година дена си стоеше отворена.Судијата по брза и кратка постака не ги зеде нашите докази кои ги дадовме,не ги зеде камерите од надзор” додава Џепароски.
Факт е дека кај Џепароски имаше повреди, но не се докажа дека со истите се здобил при пад во шахта-вели предметниот судија.Џепароски вели дека ова нема да заврши вака и дека ќе продолжи институциолано да ја бара правдината.Побарал средба со министерот за правда, а ќе испрати допис до Републичкиот судски совет,па дури и до претседателот на државава.
Be the first to write a comment.