Кејти Ханафорд (36) е самохрана мајка од Басилдон, Англија, која преку ноќ стекна светска слава благодарение на не толку ласкаво видео од родителска трка, каде на сите собрани родители и деца случајно им покажа гол задник во танга.
Младата мајка се согласи да учествува во трката и да и угоди на својата ќерка, но се сопна и падна на самиот почеток покажувајќи му го на целиот свет задникот во минијатурни гаќички. Училишниот спортски настан така остана во сенка на скандалот, а Кејти ја доби неславната титула ѕвезда на настанот. Сепак, таа не престанува да ја изненадува јавноста, а за британските медиуми откри за што станува збор.
– Сите се луди! На ова не се надевав ниту во моите најлуди соништа. Уживам во толкаво внимание и оттогаш не престанувам да се смеам. Вчера бев во маркет и апсолутно сите зјапаа во мене. Бев убедена дека имам нешто на моето лице и морав да се погледнам себеси. Дури после тоа се сетив зошто сите ме гледаат – изјавила Кејти, а пренесува Daily Record.
Слатката мајка, која стана белег на училиштето на нејзината ќерка (8), почна да се препознава надвор и од границите на Англија. Така мажите ширум светот едноставно полудеа по неа, па Кејти добива стотици пораки дневно со различни понуди. Таа редовно добива комплименти од мажи дури од Австралија.
– Добивам илјадници пораки, од кои најмалку 500 се од мажи во Грција, преку Порторико, Германија, па дури и Австралија. Сите ме прашуваат дали сум слободна и сакаат да се забавуваат со мене, вели таа.
Кејти станала толку позната што изјавила дека нејзината постара ќерка која продава преку интернет, клиентите веднаш поврзале чие дете е таа и со ентузијазам го купувале тоа што го нуди.
– Ме трогнаа пораките на луѓето кои ми пишуваа дека се во страпна депресија и дека моето видео е единственото нешто што ги насмеа во последните 6 месеци. Од друга страна, коментарите на омраза воопшто не ме допираат – нагласи Кејти.
За кратко време ослабела 2 килограми што го препишува само на смеата.
– Толку многу се смеам што изгледа и ослабев од тоа. Не се надевав дека ќе станам позната на кој било начин, а најмалку поради падот и мојот гол задник. Им велам на луѓето да останат позитивни, советува духовитата мајка.
Be the first to write a comment.