Полицијата околу 11.20 часот под мост во центарот на Подгорица го пронајде телото на жената (62) која била забележана со бебе во Морача. Детето за среќа е извлечено од реката и испратено во Заводот за детски болести.
Како што пренесува Новости, постои сомневање дека бабата скокнала од мостот во Подгорица, држејќи во рацете машко бебе – нејзин внук. Но, за среќа, веднаш на помош дошле случајни минувачи кои го извадиле детето.
Со брза реакција работниците на градското претпријатие „Зеленило“, Алфи Ибрахимовиќ и Алмир Мујак успеале да го спасат бебето од Морача.
Ибрахимовиќ и Мујак вршеле редовни работни задачи кај мостот кога виделе дека бебето паднало во студената река. Со брза реакција успеале да го извлечат детето на брегот.
Детето било без свест, а албанскиот пратеник во шведскиот парламент Аднан Дибрани, кој случајно се нашол на лице место, успеал да ја истисне водата од белите дробови на момчето и да го врати во живот. Брзата помош брзо реагирала и го пренела момчето во болница.
Be the first to write a comment.