Пејачката Рада Манојловиќ ги загрижи фановите со фотографија на својот Инстаграм профил. Имено, Рада сподели фотографија од болница на која се гледа дека е „бледа како крпа“, истоштена и дека прима инфузија.
– Пред настапот во Клагенфурт не можев да зборувам од болки – напиша таа на Инстаграм. Инаку, по инфузијата, Рада се „врати во живот“ и приреди извонреден настап.
Во Клагенфурт ја доведе атмосферата до треска, а никој не ни забележа дека е болна само неколку часа претходно.
Публиката заедно со неа пееше на нејзините хитови со кои Манојловиќ се пофали на социјалните мрежи.
Be the first to write a comment.