Дефинитивно некој во државава си поигрува со нас жените, а 8ми март беше само пред 10 дена !!! Постојат услови кои треба да се исполнат за жената да се стекне со право на исплата на трудничко; го правиш тоа, одиш бремена на работа секој ден, ги исполнуваш и заминуваш на породилно … Почнува исплатата на породилното со каснење на истото, по што добивам покана од ФЗО да ги вратам парите назад и дека ми се прекинува исплатата.
Останувам дома со 2 месечно бебе, без примања, ги контактирам сите можни институции и адвокати и дознавам дека правно не смее да има отказ за време на породилно боледување, пријавена на определено време во АВРМ. Но, генералниот директор на фирмата каде што работев (Французин) дава полномошно на адвокати (Констадинович и Милошевски ) кои со токен влегуваат во системот на АВРМ и внесуваат отказ додека јас се опоравувам од царски рез бидејки ситемот не им давa информација дека сум на порoдилно боледување.
За отказот дознавам од ФЗО преку покана за вракање на парите назад и прекин на исплата кој пк добива преку М2 образец инфо од АВРМ и ја прекинува исплатата; отказ кој правно во никој случај не е издржан и не смее да се случи по закон! Ме советуваат да си ги барам правата на Суд; жена на која и следи породилно по закон и треба да е заштитена како ЖЕНА треба да дава дополнително пари за да си ги докаже правата на суд, иако останала без примања!!!
За правата на жената се работи, не дај Боже, некоја ќе остане на улица бидејќи треба кирија да плати и да купи млеко за бебето од парите што и следуваат од породилно. Сакам да знам чија е одговорноста, на директорот на LDI Group од Франција, државата, адвокатите кои без грижа на совест го внеле отказот, АВРМ, ФЗО ???
Зборовите како, “Тоа ти е Македонија, ние не сме држава”, “Помири се” не се дел од мојот речник и нема да сопрам се додека не добијам одговори !!! FZOM / ФЗОМ Хелсиншки комитет за човекови права – Helsinki Committee for Human Rights HERA Коалиција Маргини / Coalition Margins Здружение Есе @агенција за вработувањe
Be the first to write a comment.