Грчката железница излезе со соопштение во врска со авансните плаќања за покривање на непосредните финансиски потреби на семејствата на загинатите патници во железничката несреќа во Темпи, како и на повредените лица.
Како што се нагласува во нивното соопштение, и покрај тоа што компанијата не е одговорна за несреќата, но поради особена општествена чувствителност и имајќи ја предвид европската легислатива и практика при слични железнички несреќи, ќе плати:
– на семејствата на загинатите патници отштета од 42.000 евра.
– на повредените патници, без разлика на тежината на повредата, отштета од (а) 5.000 евра доколку не се хоспитализирани во ниту една болница или клиника и (б) 10.000 евра доколку биле хоспитализирани во која било болница или клиника и заради задоволување на непосредни финансиски потреби.
Be the first to write a comment.