Дали за премиерот Димитар Ковачевски, се уште премиер е неговиот претходник, Зоран Заев?

Во вечерашното интервју за „Трилинг“ зборувајќи за својот однос со Заев, тој рече дека „со премиерот“ се во добри односи и дека нема никакви разидувања.

-Јас имам комуникација со сите бивши претседатели на СДСМ. Со Шеќеринска често комуницираме за надворешната политика, со Бучковски разговараме на тема за правото. Со премиерот Заев… тој има други обврски сега, немаме разидувања, ниту конфликти. Сите одлуки во СДСМ се носат многу транспарентно и со дебата во телата – рече Ковачевски.