ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.М.(25) и неговата вонбрачна сопруга А.И.(21), двајцата од Струга, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
На 12.02.2023 околу 11.00 часот во СВР Охрид добиена е пријава дека во болницата „Св.Еразмо“ со тешки телесни повреди било донесено 16-месечно дете од Струга, а по преземени мерки констатирано е дека детето се здобило со повреди во домот на пријавените, откако врз него паднал дел од мебел.
Be the first to write a comment.