Најмалку шест лица загинаа вечерва во престрелка што се случи во црква во Хамбург. Според првичните информации седум лица се тешко повредени, а 18 од нив се здобиле со полесни повреди.
Кобните истрели биле испукани околу 21 часот. Според германските медиуми, крвопролевањето се случило во црквата на Јеховините сведоци на улицата Делбоге.
Сторителот или повеќе од нив побегнале од местото на злосторството. Полицијата повика да се избегнува загрозениот простор.
– Веднаш побарајте засолниште во зградите – се наведува во предупредувањето.
Во овој град владее опсадна состојба, бидејќи напаѓачите се уште се во бегство. Жителите биле предупредени да не ги напуштаат своите домови, а полицијата ја опколила областа околу местото на злосторството. Полицијата повика да се избегнува загрозената област околу Делбоге.
– Веднаш побарајте засолниште во зградите. Користете го телефонот само во екстремни итни случаи за да нема пад на телефонскиот сообраќај – се вели во соопштението на полицијата.
– Во моментов има голема полициска акција во Алстердорф. Ја истражуваме позадината на пукањето и наскоро ќе дадеме повеќе информации – соопшти полицијата.
📸
📸
📸
📸
At least 6 dead, many injured after a shooting at a Jehovah's Witness center in #Hamburg, #Germany. pic.twitter.com/HeINQxzt5x
— Newsistaan (@newsistaan) March 9, 2023
Tote und Verletzte nach Schüssen in #Hamburg #Alsterdorf pic.twitter.com/TaJblhYExz
— Sven Hartmann (@Hartman0049) March 9, 2023
Hamburg Church Shooting:
🔺 At least 6 dead
🔺 7 seriously injured
🔺 17 slightly injured
🔺 Suspect has not been captured https://t.co/jkqWupY5R9— 𝖕𝖊𝖙𝖊 (@rear_flank) March 9, 2023
Be the first to write a comment.