Зинедин Зидан беше во фокусот на интересот на француските и европските медиуми, бидејќи неодамна се поврзуваше со преземањето на ПСЖ.
Поранешниот тренер на Реал Мадрид неодамна даде интервју за Telefoot, во кое зборуваше за контроверзната епизода од финалето на Светското првенство во 2006 година, кога го удри Марко Матераци во градите.
Зидан откри дека воопшто не е горд на својот чин и откри дека единствениот колега кој можел да го спречи во тие моменти на бес бил Биксенте Лизаразу.
„Воопшто не се гордеам со она што го направив, но тоа е дел од моето патување. Не можете да направите сè совршено во животот. Единствениот што би можел да ме спречи таа вечер би бил Лизаразу.
Би било одлична работа за мене да го имам на моја страна, но не можете да го поправите минатото. Секогаш има тешки моменти во фудбалот, а ова беше еден од нив“, призна Зидан, пренесува 90мин.
Зидан и Лиразару најпрвин беа колеги во Бордо, а подоцна и во француската репрезентација, а за тоа време развија блиско пријателство. Сепак, на тоа светско првенство Лизаразу не играше за репрезентацијата, бидејќи се повлече две години претходно.
Be the first to write a comment.