Судот на Крим нареди уривање на сервис за автомобили во селото Видноје на овој полуостров, откако неговиот сопственик одбил да го поправи рускиот воен камион на кој била напишана буквата Z, што стана заштитен знак на руските воени сили во војната во Украина.
Ова го пишува рускиот опозициски портал Новаја газета Европа, кој пренесува дека за уривањето известувала и агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на претседателот на Кримскиот парламент Владимир Константинов.
„Новаја газета“ додава дека на социјалните мрежи неодамна се појави видео од селото Видноје на кое се гледа дека на камионите со буквата Z им е одбиена промената на гумите со објаснување дека „на армијата не и се помага“.
После тоа, сопственикот на сервисот, Вилен Сејтосманов, објасни дека сервисот „технички не бил подготвен“ за сервисирање на камионот.
„По увидот се покажа дека автосервисот е дивоградба, сега според решението на управата на селската населба Красногвардејски сопственикот е должен да го урне во рок од 14 работни дена, во спротивно ќе почне судење “, рече Константинов.
„Тој ги ужива благословите на граѓанин на голема сила – нека живее според законот. Можеби нема да ја сака нашата влада и нема да биде принуден да биде љубезен. Но, мора да ја почитувате државата“, заклучи тој.
Русија го анектираше Крим во 2014 година.
Be the first to write a comment.