Во последните неколку години се почести се радикалните промени во фудбалот. И како што стојат работите, во наредниот период ќе има уште новини кои значително ќе ја променат играта на зелениот терен.

Кога се појави ВАР, мислењата беа поделени, на некои им се допадна новата технологија, додека други често истакнуваа дека ВАР го расипува фудбалот.

Многу судиски одлуки им се нејасни на навивачите, особено кога судиите ги гледаат снимките на екраните, сепак ФИФА најде решение.

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино изјави дека во иднина судиите ќе треба да ги објаснуваат своите одлуки за време на натпреварот.

– Ова е многу важна вест за сите љубители на фудбалот кои сакаат уште подобро да ги разберат судиските одлуки. Внимателно следете го Светското клупско првенство на ФИФА кое започнува вечерва во Мароко. Ќе видите важна промена во начинот на кој судиите ги оправдуваат одлуките поврзани со ВАР системот – изјави Инфантино.

Обожавателите можат да ја погледнат новата идеја веќе вечерва. Во првиот натпревар од Светското клупско првенство силите ќе ги одмерат екипите на Ал-Ахли Каиро и Окленд Сити. Ма Нинг ќе биде судија на натпреварот и доколку мора да користи ВАР технологија, ќе ги информира навивачите за причините за неговата одлука.

– Вреди да се напомене дека ова е само почеток на промените што ги планира светската федерација. Тоа е дел од процесот на ФИФА. Секогаш сакаме да ја подобриме транспарентноста на ВАР и да ја подигнеме свеста. Се надеваме дека ќе уживате! – додава Инфантино.