Репрезентацијата на Хрватска и покрај денешната убедлива победа над Бахреин (43-32) нема да стигнат до четврт-финале на СП 2023 во Шведска и Полска, бидејќи за тоа им требаше Данците да загубат од Египет со дури 12 гола разлика, но тие на полувреме дури и водеа со пет погодоци разлика.
Ова донесе големо разочарување кај хрватската спортска јавност, која очекуваше борба за медали или барем за останување во игра за пласман на ЛОИ 2024 година, поради што по средбата селекторот Хрвое Хорват во телевизиско интервју доби логично прашање дали ќе си поднесе оставка. Наместо одговор, тој само ѝ фаќаше сеир на новинарката отворајќи ја устата без да пушти глас, што го правеше и на прашањето дали ја има поддршката на хрватскиот ракометен сојуз.
На прашањето дали имал разговор со луѓе од сојузот. Хорват само отвораше уста,а претходно правеше и гестикулации.
– Што беше некоја грешка ? Одговорив, заврши Хорват.
Ова ептен бизарно интервју почна како и што заврши, со неочекувано праќање срциња од страна на „изборникот“ до сите гледа гледачи на телевизијата РТЛ. Ваквото однесување на Хорват предизвика револт кај многу ракометни легенди од оваа држава, како Шпрем, Вуковиќ и Метличиќ, како и кај поранешниот светски и олимписки шампион, Божидар Јовиќ.
„Без текст сум. Ова што го направи Хорват е лакрдија и срамота. Бламажа на селекторот кој треба да ја претставува Хрватска во светот. Скандал од светски размери“, изјави меѓу другото Јовиќ.
Бизарната „изјава“ на хрватскиот селектор може да ја погледнете во продолжение:
26.01.2023.
Hrvoje Horvat mlađi,izbornik rukometaša Hrvatske pic.twitter.com/bO5bzI2cum— 🎖 🅽🅴🅲🅹🅴🅿🅸Š🅰 🎖 (@RashoVeljkov1) January 23, 2023
Be the first to write a comment.