Јонас фон Есен неодамна се натпреваруваше во шведскиот квиз „Кој сака да биде милионер?“ каде што го искористи џокерот „повикај пријател“ на последното прашање, а потоа наместо да му го постави прашање, само побара од својот пријател да дојде на неговата забава следната недела.

Во популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“, натпреварувачот Јонас фон Есен минатата недела одговори на сите прашања и на тој начин освои еден милион шведски круни (околу 90.000 евра).

Откако на првото појавување во квизот одговори на 14 прашања, минатата недела му остана уште еден одговор пред да ја освои ласкавата титула на квизот „Кој сака да биде милионер“, на кој точно одговори и со тоа стана 14-тиот човек што го сторил тоа.

„Кој архитект го дизајнираше Чандигар, главниот град на индиските држави Пенџаб и Харајана, кој е изграден во 1950-тите?“ беше последното прашање.

Бидејќи му беа останати три од четири џокери, Есен реши малку да се забавува со тоа што најпрво го употреби џокерот „повикај пријател“ на последното прашање при што го повика својот пријател Дејвид само за да го покани на забавата следната недела.

Водителот збунето го погледна, но набрзо сфати за што се работи. По „повикај пријател“ го искористил и џокерот „пола пола“, одговорил на прашањето и се качил на столот додека го чекал одговорот. Откако ги освоил парите изјавил дека прво ќе купи многу нови чорапи.