Членот на групата „Белградски синдикат“ Огњен Јанковиќ и поранешната водителка Бојана Јанковиќ се разведоа по 15 години љубов, пренесуваат локалните медиуми.

Како што понатаму пишуваат медиумите, Огњен и Бојана ставиле точка на бракот во мај минатата година, а по разводот останале во добри односи. Музичарот го напуштил нивниот заеднички стан, што не го спречува редовно да се гледа со децата.

Некогаш музичарот зборуваше за љубовта со сега веќе поранешната сопруга.

– Не’ запозна еден од моите најдобри пријатели, Милан, кој сега, за жал, е починат, а тоа на нашата приказна и дава малку филмски шмек. Беше кај него во барот што го поседуваше и рече дека мора да не запознае, како да процени дека ќе си „легнеме“ еден на друг. Тоа беше судбоносна средба – откри тогаш Јанковиќ, па додаде:

– Јас сум дете на разведени родители. Сепак, моите се вистински пример дека добар развод е секогаш подобар од лош брак. Имав здрав однос со моите родители и по разводот. Имам две ќерки Зоја и Искра. Второто дете го добив по „Преживеан“. Искра има дарба и сака да тренира фудбал, па отидовме да ја запишеме на фудбал во ФК Дорќол, кај Миќа Шовтиќ. Покрај спортот, свири и виолина. Зоја е веќе вистинска девојка. Тренира одбојка и мислам дека ќе биде многу успешна во тој спорт. Таа е креативна душа. Важно е да ги воспитувате децата и да разговарате со нив. Повеќе научив од децата отколку од постарите – вели Огњен Јанковиќ во својата исповед за семејството.