Корисник на Фејсбук во Загреб објавил сметка од кафуле во приморското одморалиште Опатија и предизвика нова бура на социјалните мрежи.

Видно разочаран од цените, корисникот напишал:

„Јас не сум од оние кои го бројат секој денар на сметката, ама…“, мислејќи на цената на мал кроасан, мало кафе со млеко и природен сок од лимон, за што платил 107 куни (околу 880 македонски денари).

Малиот кроасан го платил 245 денари, мало макијато 260 денари, а природен сок од лимон 370 денари.

Не недостигаа коментари на неговата објава, па еден корисник на Фејсбук напиша: „Не разбирам, макијато е поскапо од кроаса со шунка и сирење – па каква пресметка“, додека друг напиша: „И во Мадрид истите цени. Тогаш повеќе сакам да пијам таму“.

Очигледно е дека цените во туристичките места порано беа високи, а сега се уште повисоки. Бурни реакции пристигнуваат и од Црна Гора каде лежалките направија хаос.

– Што се однесува до цените, се поскапе за дваесетина куни, поскапе кафето, колачите, но и другата храна. Иако понудата на храна е претежно домашна, нудиме и јадења кои претставуваат своевиден спој на традиционалната и модерната кујна, која ги привлекува гостите, изјави угостителот Фрањо Пртењача.

Иако е се уште поевтино отколку во Амстердам, вели еден холандски пар, тие сепак забележале значителни поскапувања во споредба со цените за време на нивниот престој во Задар.

– Јадевме пица и нарачавме пијалок, не’ чинеше нешто повеќе од 22 евра. Покасно бевме на вечера, се чини дека плативме многу, вели Крис од Холандија.