20-годишниот грчки фудбалер Илиас Брела ненадејно почина вчера на натпреварот на Караискакис против Докса Амбелу. Одеднаш во текот на играта изгубил свест. Брза помош го пренела 20-годишникот во Здравствениот дом Музаки, а потоа во болницата Кардица.

Лекарот на натпреварот, како и соиграч на 20-годишникот, студент по медицина, се обиделе да му пружат прва помош, но безуспешно. Како што јави ЕРТ, денеска рано попладне е извршено вештачењето кое покажало дека смртта на младиот спортист е поради исхемија на миокардот, односно подмолна срцева болест.

„Немаше ни најмал проблем, нормално ги положи тестовите… многу силно дете, многу силен спортист… Влезе во соблекувалната во пет до дванаесет, се пресоблековме и повторно влеговме на теренот за мечот, а во 12:15 часот колабираше на теренот без да биде во физички контакт никого. Најблискиот играч беше на два метри од него…само се сруши…“, опишува шокирано за ЕРТ тренерот на тимот Сакис Паланцас.

Судското вештачење извршено врз 20-годишниот фудбалер од Кардица кој ненадејно колабирал на теренот за време на натпревар, како причина за смртта покажало миокардна исхемија, латентна, т.е подмолна, срцева болест.