Во оние православни земји кои го имаат прифатено Грегорианскиот календар денеска се Водици. Додека кај нас денеска е Бадник, во Бугарија, Грција и во Романија се скока по крстот.
Во Грција денеска се случи несреќа при фрлањето на крстот. Повредено е 22 годишно момче кое се фрли за да го фати Крстот и извлечено е од морето.
Како што може да се види на поврзаното видео, младиот човек се фрлил во морето со главата напред, не сфаќајќи дека е особено плитко.
По скокот, тој станал и отишол да го бакне крстот, но потоа му се свртечп и падна во водата. Тој со помош на други граѓани бил извлечен и со возило на Итна помош најпрвин префрлен во Здравствениот дом Аталанти, а потоа во болницата Ламија.
Таткото на 22-годишникот: „Тешко е повреден“
Неговиот татко зборуваше за грчките медиуми за состојбата на 22-годишниот, нагласувајќи дека „правиме магнетно и аксијално скенирање за да видиме што ќе се случи. Тој е во болницата во Ламија и дијагнозата е дека е тешко повреден“.
Be the first to write a comment.