Додека едни го фалат изгледот на познатата кошаркарка, други сметаат дека претерала со пластиката
Кошаркарката Милица Дабовиќ целосно го промени својот изглед од периодот кога првпат се појави во јавноста.
Кошаркарката често е мета на лоши коментари поради некои провокативни слики кои ги објавува на социјалните мрежи, а сега на Инстаграм се појави фотографија на која се гледа колку се променила.
Таа на оваа спомената фотографија има кафена коса и изгледа сосема поинаку од денес, па многумина не ја препознаа, а ниту овој пат не ги избегна негативните коментари.
Додека едни го пофалија изгледот на славната кошаркарка, други сметаат дека претерала со пластика – „Иста жена ли е ова?“, „Се упропасти“, „Греота“ – ова се само дел од коментарите.
– Како млада секогаш „ги прчев“ усните, бидејќи сакав поголеми усни и тоа го правев. Во текот на кариерата ми ги скршија забите и аркадата и имав многу удари во носот – призна Милица и продолжи:
– Поради еден од тие удари, со лакт морав да ги поправам забите. Имав 17 години и се сеќавам дека дури и голтнав неколку заби“, рече тогаш таа и додаде дека редовно оди на третмани за лице и има ботокс на челото.
Таа истакна и дека не е поддржувач на естетската хирургија, и дека во сè треба да има граница, а потоа се изјасни за негативните коментари:
– Можеби толку многу ми замеруваат затоа што сум мајка, а се сликам во костим за капење и знам да се сликам. Никогаш нема да ми биде јасно, но ме обвинуваат за сè што правам. Нашите луѓе секогаш имаат нешто лошо да ви кажат. Најлошо ми е кога ми пишуваат дали не се срамам од тие слики поради моето дете. Нели е подобро да се напише: „Браво“ – истакна Милица за „Мондо“.
Be the first to write a comment.