Талентираниот хрватски дефанзивец Марио Вушковиќ е позитивен на допинг тест, а Хамбургер го потврди по вториот тест.

Во септември, на Вушковиќ му беше дијагностицирано присуство на еритропоетин (Епо), хормон кој го регулира производството на црвени крвни зрнца кои би можеле да врзат повеќе кислород и со тоа да ги подобрат неговите способности.

Целата приказна отиде дотаму што тој беше отстранет од тренинзите за да не го наруши угледот на клубот, додека полицијата го претресуваше неговиот стан и му го одзеде лаптопот и мобилниот телефон.

Германските медиуми пишуваат дека за овој прекршок на Вушковиќ може да му биде изречена забрана за играње фудбал на четири години, а според германските закони може да биде казнет со парична казна и затвор до три години.

Вушковиќ летово од сплитски Хајдук пристигна во Германија за три милиони евра.