Едномоторен авион регистриран во Индонезија се урна рано утрово околу 9 часот и 20 минути во областа Ираклион на грчкиот остров Крит, јавуваат грчките медиуми.

Се започнало нешто по 9 часот и 15 минути кога едномоторниот авион полетал од аеродромот „Никос Казанџакис“ за Египет. Веднаш по полетувањето, на аеродромот бил испратен сигнал „Итна помош“, бидејќи првите извештаи укажувале дека пилотот или го изгубил сигналот или видел дека има дефект. Кратко време подоцна леталото наеднаш изгубило височина и завршило во морето.

По падот на леталото и активирањето на соодветните протоколи, крајбрежната стража испратила три пловни објекти, а во увидот учествувале и два глисери од Групацијата „Надувување“.

Падот до преживеал 26 годишен јужноафриканец кој управувал со авионот. Тој со хипотермија и во состојба на шок бил извлечен од спасувачите, додека 68-годишен копилот по потекло од Индонезија го загубил животот.

Според информациите на грчките медиуми, 26-годишникот наводно рекол дека леталото имало механички дефект, се обиделе да се вратат на аеродромот, но изгубиле висина.

Истрагата за случајот ќе ја врши Управата за цивилно воздухопловство, со помош на крајбрежната стража, но се уште не е познато кога службениците на оваа конкретна служба ќе бидат во Ираклион.

Од испитувањата што ја изврши крајбрежната стража, не е забележано загадување во морето, додека делови од леталото се уште не се извлечени, што се очекува да биде направено по одлука на надлежните служби.