











На несреќата што се случила ноќеска околу два часот на патот Смедерево – Пожаревац во Србија и претходела кражба на јагне, пишува Нова.рс.
Имено, во Голф 3 имало три лица кои пред несреќата украле јагне од семејна фарма кај Смедерево и се обиделе да побегнат со животното.






Нив ги бркале четири лица со „фиат пунто“. Возачот на голфот (18) имал пробна возачка дозвола и не смеел да биде зад воланот во моментот на несреќата, а последователните анализи на крвта и урината ќе утврдат дали бил позитивен на дрога и алкохол.
Колку бил силен ударот говори и податокот дека припадниците на Противпожарната и спасувачката единица од Смедерево извлекувале патници од возилото. Животното било пронајдено живо на лице место. Седум лица се повредени, од кои никој не е критично.






Be the first to write a comment.