Политички поврзаните тајкуни од цигари и оние кои се вртат во нивните кругови се собраа во петокот на испраќањето на Мартин Вингејт-Пирс, директорот на „Карнилинкс“ кој минатата недела ја загуби битката со ракот, објави јужноафриканскиот портал news24.com.
На погребот не се појавил партнерот на починатата Јанеска, Кајл Филипс (тутунски тајкун) ко-директор на компанијата за цигари „Карнилинкс“ на Адријано Мацоти.
– Забележливo беше отсуството на Кајл Филипс, драг пријател и колега директорот на „Карнилинкс“. Минатиот петок наутро, нешто по 9:00 часот, од куршум во главата во спалната соба на парот почина неговата девојка Маја Јанеска. Полицијата сè уште истражува дали смртта на Јанеска е самоубиство или нешто позлобно. Само неколку часа по нејзината смрт, Вингејт-Пирс ѝ подлегна на болеста, пишува news24.com.
Во меѓувреме, забележлив со неговото присуство беше водачот на политичката партија ЕФФ, Џулиус Малема, на кого Филипс му помогнал во 2014 година со позајмување на пари да ја подмири својата даночна сметка.
Шокантаната смрт на популарната македонската инфлуенсерка на Инстаграм, чии 1,2 милиони следбеници вклучуваа и познати личности, го остави во тага нејзиното семејство во земјава, како и нејзините пријатели во Јужна Африка.
Be the first to write a comment.