











Со шок и неверување денес македонската естрада ја доби веста дека ненадејно починал пејачот Виктор Барбутов, вокал на групата „Амајлија“.
– Ниту бил болен, ниту се жалел на нешто, освен вчера вечерта дека го болело глава, на само 42 години замина Виктор, сопруг и татко на ќеркичка, која има само две години, рекоа за ММС негови колеги.
-Ниту можеме да веруваме, ниту сакаме да веруваме дека Виктор повеќе го нема, вели Мики, член на групата „Амајлија“, каде вокал беше Виктор.






Дека ваква тага ќе доживеат никој од „Амајлија“, а посебно неговото семејство не ни сонувале, бидејќи Виктор не се пожалил на никаков здравствен проблем.
ММС разговараше со Мики Ѓоргиоски, со кого заедно свират над 20 години. Тој со расртеперен и тажен глас ни рече:
-Се скина дел од мене, во шок сме и не сакаме да поверуваме дека него веќе го нема. Дека повеќе нема да запее со неговиот бисерен глас. Млад, здрав, ниту пушеше, ниту пиеше алкохол. Се се случило одеднаш. Претпоставувам мозочен удар, од она што кусо го прозборев со неговата сопруга, бидејќи таа не е во можност да зборува, рече Мики за ММС.






Мики вели дека со Виктор биле неразделни, од самите почетоци на групата. Поминале многу, свиреле на безброј свадби.
-Како да недостасува дел од мене, така се чувствувам. Па 20 и кусур години сме заедно, свирки, свадби, дружења. Што конретно се случувало не знам, она кусо што ми го кажа сопругата, бидејќи е во шок и не знае за себе, е дека почнал да се жали на болики во вратот. На сопругата и рекол многу ме боли глава. Викнале Брза помош, го реанимирале еден час лекарите, но не успеале да му го спасат животот, додава тажно Мики.
Според него Виктор не се пожалил на ништо, особено последниов период. Последен пат свиреле на свадба пред еден месец, а последен пат се слушнале завчера.






– Не се жалеше на ништо. Пред еден месец ни беше последната свирка на свадба, нели сега се проретчуваат, бидејќи се пости. Се видовме минатата недела, а завчера се слушнавме последен пат. Отиде еден дел од нашата „Амајлија“, ни отиде неговиот бисерен глас. Цел ден ми се јавуваат, ми пишуваат и младенци, на чии свадби сме свиреле и сме им донеле радост. Сите се во шок. А беше прекрасен сопруг и татко, керкичката негова има само две години, ни рече Мики.






Be the first to write a comment.