Тажна вест ни пристигнува денес од Струмица. Почина најверниот фан на ФК Беласица.
Петар Анџиев или чичко петре немаше пропуштено ниту еден домашен натпревар на струмичкиот тим со децении…Клубот му оддаде почит преку социјалните мрежи.
„Тажна вест ја обли ФК Беласица и цела фудбалска Струмица. Денеска почина најверниот фан на ФК Беласица, Петре Анџиев. Чичко Петре беше човек кој немаше пропуштено домашен натпревар на својата најголема љубов Беласица со децении.
ФК Беласица секогаш ќе се сеќава и никогаш нема да го заборави својот најголем поддржувач – легенда на ФК Беласица.
Почивај во мир легендо!“, стои во објавата на ФК Беласица.
Be the first to write a comment.