По тешко боледување утрово почина проф.д-р Јовица Угриновски. Угриновски беше еден од најдобрите неврохирурзи во земјава. Тој е основач на „НЕУРОМЕДИКА“ од каде ја соопштија тажната вест.
„Со огромна жалост сакаме да ве известиме дека утрово на 77-годишна возраст по тешко боледување почина нашиот ценет и почитуван
Проф. Д-р Јовица Угриновски.
Проф. Д-р Јовица Угриновски беше основач и претседател на Управниот одбор на “НЕУРОМЕДИКА”.
Менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работењето.
Вечна му слава!“, стои во објавата на НЕУРОМЕДИКА.
Be the first to write a comment.