Пред стартот на дуелот Белгија – Мароко денеска се беше во ред со стартниот состав на африканската репрезенатција. Голманот Боно на чело на Мароканците, ја испеа химната, излезе на терен, а потоа одеднаш го снема. Неговата замена Мунир стартуваше на овој истористики дуел за Мароко не прими гол, и беше дел од голеиот 2:0 триумф.

Светот беше во прашалници што се случи со Боно, а од фудбалскиот сојус на Мароко дадоа официјална информација дека тој одеднаш добил тегоби во стомакот, односно како што стои во соопштението имал проблеми со дигестивниот систем. Народски кажано, имал диареја во моментот, и не можело повеќе да се чека со стартот на мечот.

Од друга страна, мароканскиот тренер Валид Реграги на прес-конференцијата по натпреварот ја откри причината за смената на голманот во последен момент.

„Тој доби удар на натпреварот против Хрватска. Се обидовме, чекавме до последен момент. Пред почетокот на натпреварот тој дојде и рече дека не се чувствува добро. Беше искрен и тоа значеше дека можам да направам промени и дај му можност на Мунир, кој одигра одлично“, изјави Реграги.