











Десетгодишна ученичка која ненадејно колабирала на училиште починала во болница во Белика Британија. Девојчето идентификувано како Раи-Леа Парвин Садик било пренесено во болница откако колабирала во училиште минатата среда попладне, а починала во понеделникот во раните утрински часови.
Раи-Леа беше опишана како популарна и омилена девојка која беше најстара во семејството со три деца. Стотици луѓе присуствуваа на нејзиниот погреб во понеделникот попладне. Меѓу ожалостените имаше пријатели и наставници од нејзиното училиште во Вејкфилд, Велика Британија.






„Таа беше вредна девојка која ја сакаа семејството и пријателите. Нејзиното училиште беше затворено денес. Учениците присуствуваа на нејзиниот погреб и пуштија балони“, рече портпаролот на семејството рече.
Се верува дека Раи-Леа доживеала крварење во мозокот. Претходно беше опишана како здраво дете.






Смртта на девојчето беше објавена од муслиманската погребна служба на страница на Фејсбук каде стотици луѓе испратија молитви до нејзиното семејство. Еден член од семејството напишал:
„Срцескршувачко – таа беше мала убавица, мало ангелче. Нека Алах ѝ го даде највисокиот чин во Џенетот, ќе ни недостасуваш, многу те сакаме“.






„Потресна и трагична вест, таа е само малку постара од нашата ќерка и не можам да ја замислам агонијата што ја чувствуваат родителите“, објави друг маж, додека една жена напишала: „Прекрасен ангел. Амин“.
Be the first to write a comment.