Бодибилдер ги моли лекарите да му помогнат да се ослободи од ужасните акни што му се појавиле, откако непромислено користел стероиди за да го постигне затегнатото тело од соништата.

24-годишниот Дејв Хартри претрпел толку големи рани по целото тело што бил принуден да остане дома девет месеци додека не заздрават.

Вознемирувачкото видео на TikTok, кое првпат се појави во август, дава детали за маките на мускулестиот маж, но сега стана вирално ширум светот, собрајќи повеќе од 6,5 милиони прегледи.

„Дерматолозите и лекарите ги опишаа акните како нешто што никогаш порано не го виделе“, вели Хартри во видеото на неговиот профил на TikTok.

Тој вели дека го поставил предметното видео за да ја „подигне свеста“ за опасностите од употребата на стероиди.

„Овие акни не беа како обични дамки. Излегуваа како мозолчиња и кога ми пукаа, ми оставија отворени рани на грбот, градите и лицето“. Како што вели тој, ќе остане со лузни до крајот на животот.

Придружните снимки го прикажуваат ужаснатиот грб на момчето. Наликуваат на обезличеното месо на ѕвездата на хорор филмовите Фреди Кругер.

24-годишникот ја имал својата прва авантура со синтетички засилувачи на мускулите кога почнал да тренира во светот на бодибилдингот.

„Кога имав 20 години почнав да тренирам со бодибилдер и навистина уживав да тренирам со него, па решив сам да тргнам по патот на бодибилдингот“, изјави Харти, кој вежба од својата 16-та година. Кога одите во теретана и почнувате да напредувате, луѓето ве обвинуваат дека земате стероиди, а бидејќи бодибилдингот има кратка кариера, решив да одам со тоа“.

Додека Ирецот дефинитивно виде резултати, кога е во прашање неговата фигура, проблемите започнале со неговата кожа.

📸