Еминентниот спортски новинар Фабрицио Романо, на својот Фејсбук профил објави фотографија од соблекувалната на Јапонија, по триумфот над Германија со 2:1 на СП во Катар.
Четвртиот ден на Светското првенство во Катар донесе уште еден сензационален пораз на фаворит за титулата, откако Јапонија попладнево со пресврт ја совлада Германија со 2-1 (0-1) во рамки на првиот натпревар во групата Е.
Германската репрезентација поведе на стадионот „Калифа интернешнл“ во Доха преку Гундоган од пенал во 33 минута.
Израмнувањето дојде во 75 минута преку напаѓачот на бундеслигашот Фрајбург, Ритсу Доан, а целосен резултатски пресврт за голема победа на Јапонија донесе уште еден бундеслигашки фудбалер, Такума Асано од Бохум, со прецизен удар во 83 минута.
Be the first to write a comment.