По вчерашната сензација на Мундијалот во Катар кога Саудиска Арабија ја шокираше Аргентина со 2:1, денеска фудбалскиот свет е во ново неверување, Јапонија попладнево ја совлада фаворизирана селекција на Германија.
Од 17:00 часот на програмата е вториот меч од оваа група, Шпанија против Коста Рика. Со денешниот пораз, Германците и тоа како си ја закомпликуваа ситуацијата, па сега ќе им треба победа против Шпанија за понатамошен пласман
Германците во овој Мундијал влегоа со желба да се „извадат“ за последните години кога потфрлуваа на големите настани и не беа онаа Германија која сите ја знаевме во минатото, сепак стартот во Катар не ветува.
Иако во поголем дел од натпреварот Германците создаваа шанси, се играше пред голот на Јапонија, но изостана реализацијата од игра. Голот за водство Германија го постигна во првото полувреме од пенал преку Гундоган.
Кога не ги искористија приликите за гол, Јапонија почна да притиска, селекторот на Јапонците направи пет измени и тргнаа на се или ништо. Изедначувањето стигна во 75. минута преку Доан, а потоа поранешниот играч на Партизан, а сегаше нна Бохум Такума Асано на одличен начин упсеа да погоди за целосен пресврт.
ASANO HAS GIVEN JAPAN THE LEAD OVER GERMANY🤯pic.twitter.com/mbtdoSWORS
— PointsBet Sportsbook (@PointsBetUSA) November 23, 2022
Be the first to write a comment.