Иако беше најавувана и најавата сè уште стои на официјалниот ФБ профил на телевизијата, сепак популарното музичко натпреварување нема да се емитува вечерва на фреквенцијата на Канал 5, објави специјализираниот портал ТВ ПАКЕТ.

Наместо премиерната нова емисија од Гранд, во прајмтајм се емитуваат репризи од турската серија “Забрането јаболко”.

Дали воопшто ќе продолжат емисиите на United Media на оваа телевизија, останува да видиме наредниот период.