Кога девојката висока 1,58 метри, Брук Достиљо, се „споила“ со кошаркар на мрежа за запознавање, таа знаела дека тој ќе биде висок, но не била подготвена огромната разлика во висина меѓу парот.

Сега нејзиното ново момче Дилан Пејнтер е висок речиси 2,25 метри, а некои велат дека изгледа како „кула“ над својата девојка. Брук (26) вели: „Знаев дека е во кошаркарски тим, но не знаев колку е висок и не знаев колку ќе бидам пониска“.

„Тешко е да се замисли додека не го видите сами. Но, мене сите луѓе ми изгледаат високи, а на Дилан сите му се ниски“.

Брук и Дилан се запознале преку социјалните мрежи кога и двајцата биле студенти, па не ги сфатиле разликите додека не се запознале лично.

И кога допло време да се запознаат со своите семејства, тие им ги дале сите можни предупредувања за големата разлика во висината.

-Моето семејство беше многу возбудено што го запозна Дилан и го сакаше кога го запознаа. Ги предупредивме роднините за висинската разлика, вели девојката.

Но, откако добиле многу коментари и интерес за висината меѓу нив, парот почна да поставива фотографиид на интернет, документирајќи го секојдневниот заендички живот.

Брук вели: „Луѓето даваат коментари за нашата висина дури и кога одиме по улица, како и нашите пријатели и семејството“.

„Коментарите се како „Како функционира ова?“ или „Колку си многу висок, а колку е таа ниска!“

Така, Брук вели дека тие брзо станале познати личности на Интернет.

„Никогаш не мислев дека ќе бидам славна по ова, се шегував со него дека можеме да бидеме познати на Интернет, но Дилан не ми веруваше“.

Додека зборува за нивните проблеми, Брук додава: „Дилан не можеше да се смести во мојот стар автомобил, но сега купивме нов, поголем“.

📸

📸

📸

📸