Седумгодишно девојче фрли 4 годишно дете во бунар за време на игра бидејќи „видела дека така прават на телевизија“. За среќа, мештаните ги слушнаa врисоците на малото дете и веднаш потрчаа да го спасат. Момчето по десетина минути е извлечено од бунарот.
Полицијата соопшти дека девојчето рекло дека кобниот ден само „имитирала сцена од телевизиско шоу“. Детето имало среќа да не се удави бидејќи во бунарот имало вода.
Бабата на несреќното момче рече дека го барала својот внук и дека ги слушнала неговите врисоци. Набрзо сфатила дека момчето е во бунарот. Тогаш бабата побара млад човек да и помогне да го извлече внукот со помош на јаже.
„Момчето ја послуша својата баба, која му кажа да остане смирен и да не се фрла наоколу, за да остане на површината. Потоа, со помош на јаже, младиот човек се спушти во бунарот и го извлече детето“, рече една жена, која беше очевидец на драматичните настани.
Момчето голтна вода, но за среќа неговата здравствена состојба е стабилна. Според локалните медиуми, децата се соседи и постојано се дружат. Семејството на девојчето му се извини на семејството на момчето и понуди пари и малку храна како компензација.
„Девојчето е свесно дека нешто згреши. Станува збор за деца кои се уште не се свесни за опасноста“, соопштија надлежните.
Be the first to write a comment.