Фудбалерот Бесник Ферати, наскоро ќе се врати на терените откако ја победи тешката болест. 22-годишниот фудбалер се очекува во блиска иднина да почне со тренинзи.
Ферати потекнува од фудбалската школа на Шкупи, а потоа играше за Партизани Тирана, па во Академија Пандев, а во 2022 година во јануари се враќа во таборот на чаирскиот тим.
„Ве известуваме дека нашиот фудбалер Бесник Ферати успешно ја заврши рехабилитацијата и се очекува наскоро да започне со тренинзи“, се вели во соопштението на Шкупи.
Be the first to write a comment.