Загина мало девојче во Аргирос во грчкото населено место Аливери, на возраст од само 12 месеци, јавуваат грчките медиуми.
Според eviathema.gr, бебето било пренесено мртво во Здравствениот дом Аливери. Според досегашните информации, смртта била поради струен удар. Сепак, се очекува тоа да биде потврдено со обдукцијата.
– Сите сме шокирани. Штом дознавме за трагичниот настан се замрзнавме. Моето искрено сочувство до семејството, рече Динос Апостолу, градоначалник на општината Кими-Аливери.
Be the first to write a comment.