Денис, синот на босанската активистка Инес Кавалец, почина на 20-годишна возраст, објави неговиот татко Дејан на социјалните мрежи, јавуваат босанските медиуми.
Инес во јавноста е позната како директорка на Здружението „Дајте ни шанса“ преку кое им помогна на многу семејства кои имаат член со тешкотии во развојот.
– Драг наш сине, ти благодарам за прекрасните и прекратки 20 години и што не научи на вистинските вредности на животот. Мама и тато секогаш ќе бидат со тебе и никогаш нема да престанеме да те сакаме и штитиме – напиша Дејан.
Денис боледуваше од церебрална парализа, а Инес зборуваше за улогата и важноста на Здружението.
– Здружението „Дајте ни шанса“ кое се занимава со семејства кои имаат член со пречки во развојот, се бори за опстанок на мајки, татковци, сопруги, брачни парови, активности во општествениот живот, на тоа работиме и нема да се откажеме. Луѓето и вработените од сервисниот центар се моето второ семејство, кои својата работа ја вршат со љубов.
Be the first to write a comment.