Жерар Пике сега слободно ја живее својата љубов со Клара Киа. Поранешниот фудбалер на Барселона раскина со Шакира, но публиката на пејачката до денес не му дозволи да ужива во моментите со саканата.

Конкретно, Жерар Пике доби многу негативни пораки, поради неговото неверство на сметка на колумбиската пејачка, а Клара Киа беше „каменот на скандалот“, што ја направи особено „несакана“ во медиумите.

Сепак, работите се смирија и парот сега може да ужива во својата љубов. Жерар Пике во разговор со шпанскиот новинар Ибај Ланос се осврна на врската со Клара Киа и изјави дека тој е нејзината „марионета“.

„Признавам, јас сум марионета. Вистината е дека одам во шопинг со девојка ми и таа избира што ќе облечам“, изјави фудбалерот.

Тој, исто така, не се двоумеше да се осврне на Шакира, велејќи дека таа е најпознатата личност на светот што ја имал во својата околина. Би рекол дека Шакира веројатно беше мојот партнер и мојот најпознат контакт.

Неговото интервју доаѓа неколку дена по првото заедничко јавно појавување на Пике со Клара Киа на улиците на Барселона.