Седумдесет и деветгодишна жена загина на лице место на улицата Кузман Јосифоски-Питу кога во неа удри автомобил.
„На 19.08.2022 во 18.15 часот било пријавено дека во Кичево на ул.“Кузман Јосифоски-Питу“ патничко моторно возило ‘туран’ со кичевски регистарски ознаки управувано од М.С.(20) од Кичево удрило во Д.Ц.(79) од Кичево, а потоа во паркирано патничко моторно возило ‘ауди’ со кичевски регистарски ознаки паркирано од П.З.(27) од Кичево“, соопшти МВР.
Во несреќата на местото на настанот починала жената, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.
Be the first to write a comment.