Заложничка драма траела четири часа во белградската населба Карабурма на улицата „Мицка Крстиќ“ бр.1, каде Стеван Ј. (26) за заложник го земал сопственикот на автомеханичарската работилница Слободан Трифунивиќ (65) и цело време му држел нож под грлото. Драмата е завршена, а полицијата го однела киднаперот.
– Неофицијално дознаваме дека полицијата успеала да го совлада киднаперот. Нема повредени. Според првичните информации, механичарот успеал да му одземе нож и скалпел на киднаперот, момент кој полицијата ги искористила и успеала да го совлада Стеван Ј. Како што дознаваме, Стеван доживеал нервен слом. Со денови не се чувствувал добро, а колку сега му е сериозна состојбата говори и фактот што младото момче во моментов не препознава никого, пишува „Блиц.рс“.
– Со денови беше параноичен. Не го ни препознава човекот што го зеде како заложник. Тој не препознава никого. Не бил во конфликт со Слободан – вели за „Блиц“ изворот запознаен со настанот.
Партнерката на Слободан во шок и солзи пристигнала на местото на настанот, каде што се одвивала вистинската драма. На местото на заложничката криза пристигнале и семејствата на киднаперот и на заложникот кои разговараат со припадници на МВР.
– Младиот човек кој ја создаде заложничката криза е секојдневен муштерија. Доаѓа таму и често е во алкохолизирана состојба. И вчера направи хаос. Си го кршеше автомобилот и никој не можеше да го смири од присутните во работилницата – велат членовите на семејството на Слободан Трифуновиќ.
Да потсетиме, Стеван Ј.(26) околу 15 часот и 30 минути го зеде како заложник сопственикот автомеханичарскиот сервис.
Be the first to write a comment.