Братското дуо „Некст тајм“ неодамна направија концерт за паметење за кој се уште се зборува. Полната сала, распеаните грла и доживувањето кои тие и публиката го имаа, ќе се памети како нешто што ќе остане, баш нивната евровизиска песна.
Кога публиката ја сака музиката, тогаш разбирливо е љубопитноста за нешто повеќе од приватноста на близнаците да биде присутна.
Тие не се од оние што го кријат својот приватен живот како змија нозете, па оттука не ретко можеме да ѕирнеме во нивното секојдневие надвор од сцената.
Познато е дека Мартин неодамна ја побара раката на својата долгогодишна девојка, ракометарката Андреа и во семејството Филиповски си добија снаа.
Стефан пак, повеќе од една година е во врска со атрактивната црнокоса со необично убаво име, Тинеа, која живее во Виена и има српско-хрватско потекло.
Љубовта на далечина за нив не претставува никаква пречка, бидејќи ако ја има во срцето, тогаш таа е многу блиску без оглед на километрите.
Профилите на социјалните мрежи на Стефан се преполни со романтични фотографии од заедничките моменти низ Виена или Белград кој е нивната најчеста љубовна станица.
Дека цветаат еден до друг се гледа на секоја од фотографиите, а меѓу последните објави пејачот се најде и таква каде тој и го честита роденденот на својата сакана Тинеа.
Кога патот на љубовта е прав и споен како сложувалка од мигови кои само се мултиплицираат емоции од кои срцето трепери од убаво, тогаш целта е една, а тоа е желба за вечност заедно.
Мартин рипна во тавче, а дали оваа голема љубов ќе заврши со брак, времето ќе покаже.
Be the first to write a comment.