Доцна во ноќта на 30ти Декември 2001та по компликации со болеста престана да чука срцето на ненадминливиот, неповторливиот, неуморниот Џемаил Максут – Доајен на македонското глумиште!
Кој би го заборавил Газда Зеко од Трст виа Скопје; Али Саит од Јуначко Колено; Демир мечкарот од Белото циганче; Дервишот од Солунските патрдии, Аљуш од Итар Пејо; Џемо Хаса од Од зад грб; Црна арапина, Мерџан, лошиот арамија од Македонските народни приказни и безброј други поголеми и помали улоги кои му ги подари на македонската публика!
А тоа големи или мали и сосема не е важно! Најважно е колкав впечаток ќе оставиш, а Џемаил беше еден од тие актери кои носеше нешто со себе! Беше интересен, впечатлив и со ѕвезда. Секој актер би го одиграл црна арапина или газда Зеко, но никој не би го доловил толку реално со таков лик како неговиот затоа што тој беше уникатен изглед самиот по себе!
Благодарение на неговиот уникатен изглед, глас и стас беше еден од најбараните македонски актери за странски продукции!
Толкуваше мали, но симболични улоги на кои се темелеа цели филмови.
Халил Реџепи во Вариола Вера на Горан Марковиќ; Мерлин во Т.Т. Синдром (чија премиера не ја дочека)…Човекот во чунот во Сабирни центар и многу други филмови вон границите на Македонија!
Беше актер кој за себе велеше дека најмногу сака да игра во драми…токму и во тој жарн ја покажа и докажа својата актерска големина…
Колку што многу играше негативци на сцената, толку многу беше добар, мирен и тивок во приватноста.
Актерот кој никогаш не ја избричил својата брада ни по цена да изгуби некоја улога! Напротив секогаш режисерите и продуцентите попуштале пред неговата големина и одредените улогите му ги дозволувале и со брада!
Еден интересен подадок од животот на Максут е тоа што кога ќе добиел тешка улога во театар и голем текст по обем за учење тој секогаш на ден играл по многу партии шах…дури и по десет партии. Тоа ги уморува дури и најстрасните играчи на шах, но него тоа го смирувало и релаксирало за полесно да ја совлада дадената улога!
На денешен ден пред 21 година на само два дена пред новата година замина тивко во ноќта онака како што и живееше.
Физички од сцената живот си замина на 68 години, но неговиот дух и енергија и понатаму остануваат присутни по улогите кои ги утврди на македонското глумиште.
Вечнаја памјат!
Џемаил Максут (1933-2001)
Текст и фото: админ – Горан Марковски (негов најголем доследен обожавател, хроничар, почитувач и собирач на неговите дела)
Be the first to write a comment.