Форумот на жени СДСМ Охрид соопшти тажна вест, известувајќи за прераното заминување на нивната сопартијка Тања Танеска.
Причините за смртта на Танеска засега не се познати. Нејзините пријатели изразуваат сочувство до семејството велејќи дека премногу млада го напуштила овој свет.
– Со искрено жалење денес ја примивме веста за прераната смрт на нашата сопартијка и борец за правда Тања Танеска. Упатуваме сочувство до семејството. Бог да ја прости, нека почива во мир!, соопштија од Форумот на жени СДСМ Охрид.
Be the first to write a comment.