Членот на босанскиот хор „Сејфула“, Елмас Алиќ почина на 37-годишна возраст.
На социјалните мрежи од него се збогуваат членовите на семејството, пријателите и многумина кои го познаваа.
„Саканите никогаш не умираат, додека живеат оние што ги сакаат… Така, нашиот покоен брат Елмас ќе живее во нашите срца, во срцата на голем број пријатели и семејството…“, известија од хорот „Сејфула“.
„Малку се оние кои ни ја допреа душата со скромност, искреност и пријателство како што е случајот со Елмас. Беше искрен пријател и ни го збогатуваше животот со секоја минута помината заедно“, додаваат тие.
Меѓу другото, Елмас ги остави сопругата Фата и синот Хамза.
Be the first to write a comment.