По големиот земјотрес што се случи во Кахраманмараш и длабоко погоди 10 провинции, цела Турција продолжува во потрага по преживеани. Мари Клер Рупио, сопругата на Кристијан Ацу, кој се уште не е изваден од рушевините од земјотресот во Кахраманмараш, за првпат даде изјава.
Животната сопатничка на Ацу, фудбалерот на Хатајспор, зборуваше преку линк на преносот на Би-Би-Си. Таа изјави дека верува оти 31-годишниот играч е жив. Таа додаде дека потрагата продолжува.
„Беше шокантно да се слушне дека е жив и однесен во болница, за подоцна моите деца преку радио да слушнат дека не се знае каде се наоѓа нивниот татко.“
Од друга страна, Пинар Савут, сопругата на спортскиот директор Танер Савут, продолжи да повикува на помош преку нејзиниот профил на социјалните мрежи.
– Јас сум Пинар Савут, сопругата на спортскиот директор на Хатајспор, Танер Савут. Еве ги прашувам сите раководни лица на Хатајспор, каде сте кога Танер е под урнатините? Зошто не го барате? Зошто нема објаснување за мене? Зошто го оставија мојот Танер под урнатините, а мене и моите деца сами?, напиша сопругата на Танер.
Be the first to write a comment.