Како што минуваат деновите, се повеќе и повеќе инциденти со лоша изработка и градежни грешки излегуваат на виделина по двојниот разорен земјотрес во Турција и Сирија.

По станбената зграда која се навали и падна на страна и зградите со ѕидови „позајмени“ од соседните, во градот Антијаман може да се види зграда која поклопи паркирани автомобили.

Неверојатната слика покажува колку силен бил земјотресот, но според некои и недопустливите пропусти при изградбата на објектите.

Панајотис Каридис, професор по антисеизмички конструкции, со графичка слика објасни што се случило во Турција.

„Секој – дури и ако не е експерт – може да разбере дека зградите се кренати во воздух како со динамит. Во експлозијата колапсот е моментален, немате време за ништо“.

Во продолжение погледнете ги фотографиите:

Над 37.000 загинати до сега

Бројот на загинати во катастрофалните земјотреси што минатата недела ги погодија Турција и Сирија денеска надмина 37.000, пренесува Ројтерс, цитирајќи ги последните податоци на властите во двете земји.

Најмалку 19.300 повредени во моментов се на лекување во болниците во Турција, соопшти Министерството за здравство во Анкара.

На одделенијата за интензивна нега се 3.636 луѓе. Речиси 9.000 пациенти биле оперирани, а дел од нив веќе се отпуштени од болниците.

Додека спасувачките екипи со се помалку надеж бараат преживеани во урнатините, многумина се прашуваат зошто не се преземало повеќе за безбедноста на градбите. Распишана е потерница по над 100 градежници кои се сомичат за неквалитетно изведени објекти, но тоа нема да ја намали штетата што се брои во човечки животи.

Се стравува дека во овој земјотрес бројот на загинати ќе биде десет пати поголем од бројот на загинати во разорниот земјотрес во Турдија во 1999 година. Тогаш загинаа 17 илјади луѓе, а државата ја заостри контролата при градењето.