Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа при гостувањето на РТС доби шокантна вест од Косово и Метохија, пишуваат српските медиуми.
Еден од обезбедувачите среде емисија ненадејно му пришол на Вучиќ и му подаде лист, притоа покажувајќи порака на мобилниот телефон!
– Има ли нешто важно – запрашан беше Вучиќ од водителот Зоран Станојевиќ.
Вучиќ одговори дека со пресуда на апелациониот суд е потврдена казната затвор од една година на поранешниот министер за администрација и локална самоуправа од Српската листа, Иван Тодосијевиќ, за неговата изјава за Рачак.
Тодосијевиќ беше осуден од Основниот суд во Приштина на една година затвор на 19 октомври 2022 година.
Иван Тодосијевиќ беше првостепено осуден на крајот на 2019 година во Приштина за изјавата што ја даде на комеморацијата на 20-годишнината од бомбардирањето на НАТО во Звечан, кога изјави дека случајот Рачак бил измислен и користен како причина за бомбардирање.
Be the first to write a comment.