Пукање во угостителски објект на улица „Самоилова“ се случило пред околу половина час во близина на кафичот „Шиша бар“. Според неофицијални информации, има две жртви.

Исто така, според засега непотврдени информации се работело за лица добро познати на криминалното подземје. Престрелката се случила поради претходно нерасчистени сметки. На местото на настанот има зголемено полициско обезбедување.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека детали ќе има откако ќе биде извршен увид на местото на настанот.

📸

📸

📸

А1он: Убиен познат криминален бос

Двојно убиство се случи вечерва во стара чаршија во Скопје, дознава А1он.

Според информациите на А1он убиството се случило пред околу половина час во близина на кафе барот „Шиша бар“

Како што за А1он тврдат очевидци, во близина на кафулето убиени се две лица, а според засега непотврдени информации се работело за лица добро познати на криминалното подземје.

За едниот од нив очевидци тврдат дека се работи за извесен криминален бос – Јетон викан Жила.

Од МВР засега единствено потврдуваат дека имало пукање во скопската чаршија, но нема повеќе детали, односно повеќе информации најавуваат набрзо откако полицијата ќе направи првичен увид на местото.

ВЕЧЕР: Убиени се Жила и Лаци

Вечерва околу 20 часот се случило пукање од автоматско оружје во кафебарот Шиша Бар кај Кале. Според првите информации убени се Јетон К. викан Жила и Енес И. викан Лаци.

Јетон К. често се спомнуваше во медиумите како припадник на нарко кланот Дуќанџик-Грчец, близок до одредени раководни лица од ДУИ.

Веста е неофицијална, до сведоци на анстанот, очекуваме потврда и детали од МВР.